бидејќи (сврз.) - за (предл.)

Над ваште невести и ќерки плачете, о бедни, бидејќи за нив нема спас.
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
И Селман брадатиот, татко му кому му пратил поздрав, без веќе да жали, бидејки за крвта на брата си беше го фатил, — глава му одзел на Али.
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Од таванот украсен и ишарен во средината и на четирите ќошиња со длабока, на орево дрво, изработена резба, висеа големи гроздови миск, лисиче, каланпарај и друго грозје зачувани уште од есента, повеќе за личнотија, бидејќи за јадење се пазеше во мусандрите одбрано грозје.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Види како боите се прелеваат на сонцето, се мешаат во една чудесна боја – со восклик скокаше Еразмо и ја покажуваше раката кон старецот, бидејќи за сиот свој живот ова го немаше забележано.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Од мојот престој во гостилницата ќе ви спомнам една поединост за која не станало збор во вашиот разговор со гостилничарот бидејќи за гостилничарот таа поедионост и не била важна.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)