дека (сврз.) - око (имн.)

Но кога љубопитно поткрена глава, виде дека очите на светлокосиот се широко растворени и управени напред во светлото летно небо.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
И наеднаш ми стана жал што бев таков и што неможев да бидам поинаков и што се излажав дека очите ми се бистри,чекорот посигурен.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
И како досега да не бев забележал дека очите на Цанета меко гледаат, искрено радувајќи му се на животот околку себе. - И-а-и!
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Изгледаше дека очите зад замаглените стакла задоволно се смеат над едно необично и несекојдневно откритие.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Бојан се пресели со мислите в село, во топлата светла соба на татковиот дом, па наеднаш почувствува дека очите му се навлажнуваат.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Кога Илко забележа дека очите на сите им одат кон ковчеџето, и тој го сврти погледот кон него и рече: - Го зедов од мерак...
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Си мислам дека очите подмакани со солзи, ама никоја не ме гледа в очи.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Најпосле, само тој ли ќе јаде? Ѝ рекол дека очите му се покриени со пајажина на старост, дека не ќе види кај свршува кожата и кај почнува месото.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
И потоа, и потоа, ох, Господи, слушај! Тој змеј, велат дека очите му се оган.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Далтон рече дека очите се најдобриот дел и ⥊ даде едно и тоа беше бело како расцепена месечина и таа го изеде.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Но кога Винстон повторно погледна скришум во разореното лице на Радерфорд, забележа дека очите му се полни со солзи.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Забележав дека лицето му е намовнато со ситни и ретки влакненца, баш како на брат ми, дека очите му се толку темни колку што дотогаш никогаш не сум видела дека можат да бидат, имаше многу густи и долги клепки кои правеа сенки врз горниот дел од образите, а кожата на лицето и на рацете му беше речиси чоколадна.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Лицето не му го гледав, ама знаев дека очите му се исто толку темни колку оваа ноќ во Гоа и дека во секоја зеница му се огледува по една сјајна ѕвезда.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- Не ми се спие – се заинати Огне, а „од авион” можеше да се забележи дека очите му се лепат од што го фаќа дремка.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Потоа погледна уште еднаш да се увери дека очите не го лажат.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
„Оди си сам!“ му се врекна таа и додека тој зјапаше во неа, збунет, потивко му прос’ска: „Оди си сам кај тоа курвиштето што ти е мајка“, и со трчање избега од него за да не види дека очите ѝ се полни со солзи.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Не знам со каква сигурност смеам да го прифатам овој мој впечатокот но и од оваа прилична раздалеченост од него забележувам дека очите му се шират а челото набира.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Во тишината, ѝ се чинеше дека очите на учениците ѝ го отвораа палтенцето.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Чувствува дека очите му се навлажнуваат.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Разговаравме така сѐ додека не почувствувавме дека очите ни се склопуваат од умор.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Даниел брзо почувствува дека очите на брат му се вперени во него, но ни очите, ни лицето на Френк не објаснуваа што размислуваше тој.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
FlexiMac
 менување на македонски глаголи
ДИГИТАЛНИ РЕСУРСИ НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК