дека (сврз.) - штом (сврз.)

Брашното во паницата уште стоеше неначнато, но Бојан знаеше дека штом срната малку ќе се ослободи, штом ќе навикне на него и ќе насети во него пријател, штом ќе привикне на колибата, ќе побара и да јаде.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Знаеше дека штом добитокот ќе ја згасне жедта, ќе се нафрли на јаслите да бара храна.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Слонот, мислејќи дека штом вратата е отворена, треба да излезе од кафезот, си излезе.
„Раскази за деца“ од Драгица Најческа (1979)
Сите знаат дека штом така рече Костадин Дамчески, тој, Костадин Дамчески, Боше Јанчески и уште - кој трет што ќе ги одреди старешината ќе му го „пресретнат“ патот на Хаџи Ташку?
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
И знам дека штом таа сина точка биде доволно згусната, ќе тргне кон мене ширејќи се во некој облик во некој нов настан што ќе го доживеам, што ќе ми донесе нова страотност и веќе ми студи од страв.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Или како ние тројцата седевме на терасата, и јас знаев дека вам до плачење ви се сака јас да си отидам, а јас седев во плетената лулка и си го читав Тургењев, а вие пак седевте на каучот, а јас знаев дека штом си отидам ќе се бакнувате, и затоа не си одев.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Ќе му рече на Хелвиг дека штом ќе се вработи, ќе дојде по детето.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Изгледа дека штом престане човековата мака, луѓето се оддалечуваат.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Ми рече дека штом го предлагам тоа јас, дека мора да има смисла, дека тој во тоа не се сомнева, дека јас сум му бил гаранција, дека слушнал оти сега сум бил во тој крај, дека весниците пишувале за тоа и дека и тој ги чека моите големи и градителски, но исто така, и книжевни дела.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Во Софија разбрал дека децата се живи и здрави и дека штом ќе дадат откуп ќе бидат ослободени.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Биле пуштени гласови дека штом ќе се даде знак за востание, ќе биде заклано целото егзархиско население.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Тој, со гулабот на главата, одеднаш се почувствува толку лесен што му се чинеше дека штом гулабот ќе замавта со крилата, тој ќе може да се крене по него.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
По години, веќе возрасен, по долгата, неколкугодишна разделба и средбата под туѓо поднебје, од мајка ми ќе слушнам: - Ни рекоа дека штом помини лошото децата ќе ни ги вратат и тоа по дваесетина денови.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Понатаму, важна одредба на ЗТПОК од 1993 година е онаа со која се пропишува дека штом претпријатието престанува по основ на трансформација со продажба на сите негови средства, за вработените настапуваат исти правни последици како и при отворањето на стечајната постапка.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Потоа, Иле на луѓето им кажа дека, за жал, уште не може никого да прими во својот дом затоа што допрва треба да ја среди својата таткова куќа, но дека штом смогне сили, ќе им се придружи пред продавницата за да ги распраша како се и како преживуваат во својот тежок „андердивелопмент”.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
А, јас се подготвував за еден од оние патетични и непродуктивни брифинзи со новинарите и со лицата на функции кои мислат дека го менуваат светот и и ветив дека штом завршат со интервенцијата и јас со обврската веднаш ќе дојдам да ја видам.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Откако се отпуштени, на неколку наврати, им е кажувано дека штом се преброди кризата, пак ќе бидат вратени на работа и дека после тоа ќе им бидат исплатени и заостанатите разлики во плати и сите неисплатени надоместоци, а дека би било добро да се воздржат од покренување на тужби.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Сметаше дека штом таа ќе биде до него, лесно ќе ја врзе на кратко ланче.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
FlexiMac
 менување на македонски глаголи
ДИГИТАЛНИ РЕСУРСИ НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК