додека (сврз.) - око (имн.)

Благица дојде многу загрижена од училиште. Седна до масата, лицето си го потпре во малите дланчиња и додека очите и се полнеа со солзи, црвените панделки се навалија како две овенати рози.
„Градинче“ од Бистрица Миркуловска (1962)
Куршум прострелува кон него, застанувајќи за момент додека очите на жртвата избезумено ѕверат, и тогаш БУУМ!
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
„Тестираме антитела за околу педесетина болести“, рече додека очите му поигруваа зад стаклата на очилата.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Добра, додека очите ги шета по Чана и бабата Петра, ги поткрева рамената, ја фаќа ќеркичката за раче и тргнува по него.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
При ова патување речиси постојано се среќавав, дури и се судрував со чудни фантазмагорични привиденија, чии што контури повеќе потсетуваа на кукли што ги гледаме по излозите но со подвижни екстремитети, со лица што се смеат додека очите плачат, дури и со зборови што не беа кажувани туку едноставно извираа од утробите на овие креатури.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Во таа вечер на неговото заминување имаше нешто надреално – таа речиси среќна исповед на мајка му, додека очите ѝ блескаа како што никогаш дотогаш не беше видел.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Од каде таа латентна заблуда тревожното претчувство дека сум само ехо (е-х-о) додека окото ослепува гледајќи во замисленото сонце да речам ли еретички - слободата оти само таа може да те гледа без да трепне право в очи и да те изгори додека ти не сеќаваш ништо друго освен восхит!“
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
FlexiMac
 менување на македонски глаголи
ДИГИТАЛНИ РЕСУРСИ НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК