и (сврз.) - ангел (имн.)

Влегоа во црквата и игуменот задоволен што покажуваат интерес, почна да им ги покажува фреските; ликовите, сцените, композициите исликани од даровитата рака на вдахновениот мајстор Трпо зографот; извонредниот лик на Христос Седржател на параклисот со Божествената литургија во која учествуваат и ангели, носејќи свеќи, кадилници и рипиди; потоа фреската на Богородица која го држи малиот Христос в скут и ги шири рацете спасувајќи го небесното и земното царство; фреската на св.Козма Поет, старец со долга бела коса и брада, со свиток во раката воспевајќи ја мудроста на книгата, духот на творецот.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Ако умрам и го оставам цвеќето, си велев, Господ ќе ме укори, ќе ме прекори, ќе ме пизмат и темјанот и ангелите.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
По белите ѕидови немаше апостоли и ангели, туку со крфии заковани кадра на некои чичковци со строги погледи од зад големи окалки, а на местото од милата Богородица, една женичка во годините на мајка ѝ застаната на средината од ѕидот и со голема тетратка во рацете од каде ги вадеше имињата на децата.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
4. Веќе се враќам: годините во оро задушница им праќам; сегде познати лица нигде, нигде птица Рајот го чека крај нема спас, Матеа и ангелите патеа а ти а јас...
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Таа беше во ноќница, по влечки, и додека така се мафташе меѓу нив двајцата, од нејзините џебови испаѓаа коњчиња, цветови и ангелчиња од дрво.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Вечерва мојот свет се руши, секој немир ме гуши, зошто оваа вечер и ангелите спијат.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
FlexiMac
 менување на македонски глаголи
ДИГИТАЛНИ РЕСУРСИ НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК