и (сврз.) - прав (прид.)

Кој најверно го разбрал вистинскиот и најправиот народен идеал се гледа со порамнувањето на разбирањето на народниот идеал од разни лица.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Кловнот брза во далечниот минат свет и се сретнува со еден друг Август Рицман. Млад и прав, стегнат во црвено трико.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Ти си еден прекрасен самјак, еден таков, по кого човек не изгубува ништо ни со тоа што ќе чекори само за да го види, каков си силен. И прав си, кога велиш така.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Вечерва, ако се вратат здрави и прави, сѐ ќе ѝ раскажат.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Спротивно на шишкавата Катина става, дебелите а куси раце и нозе, Митра беше танка и висока, изведита и права како пушка, со долги раце и нозе.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Макар што рамнината и правиот пат, кој наместа намерно завива, за да ја измени едноличната панорама, треба да го чини здодевно патувањето, особено ако трае подолго, не е такво ова патување на север, кое уште од Брисел замириса на море.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
- Лисник правам, му велам, лисник и прав да се направам. 193
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Левијатан: бел кит - пофалба на Моби Дик од Херман Мелвил - Одмаздата е бел млаз, отровен Жрец Човек не ти е рамен твојот пат, божји прст вперен и прав одек на екваторот заледена душа во топли води одмаздата е млаз, езди на југ!
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Јасновитката ја пречека како сѐ да знае и ѝ рече дека син ѝ е здрав и прав и дека се наоѓа далеку, преку голема вода.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)