откако (сврз.) - помине (гл.)

Книгата ја споменаа повторно дури откако поминаа половина час во креветот.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Натаму, на кај почетокот на композицијата, мешаница - не се знае дали некој нешто симнува или качува, дали некој кажува ова или она, се туркаат и надвикуваат, ама откако поминува човекот во црна облека сите молкнуваат, се стајуваат.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Сѐ би се одвивало добро во овие идилични рамки ако езерото, откако поминало толку милениуми без пречки, не се најдеше изложено на бурите на историјата на XX век.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Што среќлија е, сè на нив налетува! * * * Откако се вративме во Скопје и откако поминаа неколку дена, брат ми во една пригода ме праша: - Бреза, што ѝ е на мама?!
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Откако помина поштарот, некаде кој единаесет часот претпладне, кога селската продавница вообичаено е затворена и пред неа нема никого, авторот пак дојде тука да поседи сам на талпата спружена за клупа пред продавницата.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Меѓутоа, откако поминаа две долги години во кои се обидуваше да ја заборави, едно утро се врати во својата сиромашна соба и ја најде како спие на каучот, со круна од цветови од портокал на главата и со долг мрежест превез во бела боја врз лицето, каков што носат невестите на венчавка.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
FlexiMac
 менување на македонски глаголи
ДИГИТАЛНИ РЕСУРСИ НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК