туку (сврз.) - за (предл.)

Сега ќе мора да живее од компири, качамаци, јаболка, но тоа не го загрижуваше многу, важно е храна има не за една недела, не за две, туку за повеќе месеци.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Дождот е благодет. Нека наврне, нека... - зборуваше старецот и изгледаше како веќе да не зборува за луѓето, туку за себе, а и како да беше начисто дека тоа што го зборува не допира до нив.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
„Танјуговата“ фотографија: телото на носила, прекриено со бел чаршаф и нагаравените лица на присутните, со забележлив сладострастен навев, како да не се работи за преживеани, туку за компанија оџачари.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Не е важно за кого си печена, туку за кого си речена, или обратно,...
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Во средниот ред, најназад - Бургошки Бранислав, незаинтересиран за предметите, туку за некакви романи што ги чита скришум и на час.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
А имаше деца не само за во едно одделение, туку за во сите.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Со голема почит и совест се однесуваме кон сите историско - културни знаменитости - што се гордост не само за Крушево, туку за цела Македонија, и за сите Македонци во дијаспората.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Поради тоа и знаеме дека минатото не може да се преправа, пресоздава, и дека тоа не е за спомени, туку за возобнова на корените.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Добро било да се потсетат на тоа време со некое заклано јагненце без да се прашат дали имаат некоја скршена за да го купат оти порано лесно било од сопствениот булук да одлачуваш не само за Илинден, туку за било која слава.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Не е за кого било речено, туку за кого било печено. **
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
„Навистина ќе ме пуштат,“ и тоа го повторуваше како некоја утеха – како кога дете повторува некоја лага не за да поверува во неа по постојаното повторување, туку за да не мисли на вистината. .
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Некој им кажал невистини за нивната сестра, она чување на тивкиот оган меѓу неа и Макс им го раскажал како нешто друго, како којзнае што друго, и кога влегле во канцеларијата на доктор Гете, прво што му рекле било дека не ја донеле својата сестра во психијатриска клиника за да се курва, туку за да се лечи, и побарале од него да ги одведе кај неа.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Но не со намера да го укорам заради непристојното и по малку загадочно однесување во оној дел од неговата приказна што се однесуваше на спомнатиот волшебно розов облак, туку за начинот на кој настојувал да се изземе себеси од секое можно сомневање па дури и од недоразбирањата што би можеле да се појават во врска со нив.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)