втор (бр.) - бил (гл.)

Во првата група, покрај другите, биле: свештеникот Георги Василев од Лерин, Симеон Шишков од Екшису, познатиот војвода Алеко Џорлев од с. Баница - Леринско, Благој Симеонов од Демир Хисар - Битолско, а во втората биле: д-р Петар Кушев од Велес, познатиот револуционер Тодор Лазаров од Штип и други.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Првиот од тие гласови бил прославен бас, вториот бил само гласче, не и некаков глас.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Никој не одговори на нејзините повици за помош.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Првата сметала дека обединувањето на елинските градови- држави треба да се изврши под Филип II, а другата била за непомирлива борба против Филип II. Водач на втората бил Демостен.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Вториот бил помалку јасен и Херкулина била предупредена и опомената дека следниот пат ќе биде подложена на детална истрага.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Времето годините низ сито ги просеало, со врескалото да се кара на басот му здодеало.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)