втор (бр.) - јас (зам.)

За Кулик- личноста беше од голема важност да не ја прифати одговорноста за однесувањето на своето второ јас, Кулик-песот.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Тоа е превозно средство на голем број локални фраери и кицоши; статусен симбол, второ Јас, домашен љубимец...
„Тибам штркот“ од Зоран Спасов Sоф (2008)
„Финансиски, господине Салтиел”, му соопштува со доверлив тон Максимилијан Мертен и погледнува во подофицерот Мајснер, еден левантски Германец кој грчкиот јазик го зборува како вистински фанариот, интелигентен и способен, без одвишна емоција, во кој стекна таква доверба што напати го доживуваше како сопствено второ јас.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
На немилата ситуација, да не должам понатаму, ќе ѝ ставиме крај со вкупниот откуп за нивната слобода, што успеав да го издејствувам пред воените власти”, полн со ентузијазам им објаснува д-р Мертен на соговорниците од Координациониот управен одбор и претседателот на солунската еврејска заедницата Сабетај Салтиел.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Колку убавини ми имаат дотечено од кај неа. А јас, ете, не ги спомнувам.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
А Ана постојано беше со мене. Како втора јас. Затоа и отсуствува од зборовите.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Мислам дека предолго седев во мојата собичка, дружејќи се со компјутерот и со своето второ јас.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)