втор (бр.) - вечер (имн.)

Втората вечер ни дојдоа момчињата со гитари да ни свират серенади, но татко ѝ на Цвета ги истера.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Соседот, бог да го поживее, уште се држеше на нозе за да вари ракија - железничарот Круме, штом појде во пензија, се претплати кај него: секоја втора вечер по едно шишенце од тоникум.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Кршка лево, кршка десно, ги подлажува дека се вратил кон Градешница, но сега загарите не се подлажуваа со лисичината опашка, бидејќи и селаните правилно ги известуваа за Толевото движење, та не го оставаа ни да се издише.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Втората вечер веќе не мислев дека мајка ми ќе се врати.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Овој ги фати сите пристапни места кон селата и Толе уште на втората вечер нагази на пусија крај бачилото Манчевско во Бешишкото поле.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)