втор (бр.) - војна (имн.)

Во првата и втората војна против Полумесечината, тој се бореше како вистински потомок на Василиј Дигенис Акрипа.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Кога Рабле и Волтер сакале да и се потсмеат на војната, тие ги измислиле, првиот историјата на пикрошолската војна, а вториот војната на Кандид, но ниту во едниот ниту во другиот случај, не можат да се земат за толку сериозни сцените на масакрите.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Кога Рабле и Волтер сакале да ѝ се потсмеат на војната, тие ги измислиле, првиот историјата на пикрошолската војна, а вториот војната на Кандид, но ниту во ед­ни­от, ниту во другиот случај, не можат да се земат за толку сериозни сцените на масакрите.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Некогаш, пишуваше тој, половината од нивите, шумите, говедата и овците во Маказар, биле на родот Поцо, но подоцна семејството, или семејствата, осиромашиле, а по Втората војна и тоа што останало, било земено од државата како некој неправедно создаден вишок, кулучко богатство.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Ги повлече вујко ми кој таму беше заминал уште пред Втората војна. Посетне тие го повикаа брат ми.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)