втор (бр.) - време (имн.)

Тие два расказа, или тие две приказни, јас ги чув кога бев дете, ги прочитав запишани од друг во второ време, ги запишав самиот кога остарев, речиси во трето време.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Значи магепсаноста е само прашање на времето - буквално; тоа е минлив момент. = Момент = М. претставува разлика меѓу (најчесто) синхронизираниот тек на праволиниското (космичко, „научно“, објективно и.т.н.) време: допирна „точка“ („точка“ во наводници, затоа што најчесто моментот на бездимензионална точка од геометријата) на тангентата на првото време со кружницата на второто време.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)