втор (бр.) - година (имн.)

Тоа беше на втората година откако почна ѕидањето; чатиите беа поставени и на општината и на училиштето, требаше уште само да се постават ќаремидите и да се изработи дрвенријата, подовите, вратите и пенџерињата.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Селаните беа собрани на богослужение во црквата, кога капетан Загориќ, придружуван од десетина војници, бувна внатре и на очиглед на верниците го убија поп Цветан.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Беше недела, втора година од владеењето на Србите во Потковицата, прв ден Велигден.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Прва година помина грутка в срцето ѝ легна, втора година намина болест ја в гради искина.
„Бели мугри“ од Кочо Рацин (1939)
Кон крајот на втората година од неговото средношколско образование во St.Ann во Бруклин, Њујорк, Frere-Jones станал опседнат од идејата на цртање букви.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Во јануари, секоја втора година, на пример, се организира Светска изложба на мебел.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Утрото, дваесет и шестиот ден од месеца цутара, втората година по Големата војна, миропомазаната жена на Пане Липовдолски (одамна упокоен) осудесет и едно годишната Лена, шевелеше низ куќи, се вѕираше час во ноќвите, час во амбарите, во потонот, во малата и големата одаја, во гредите над чардакот, по ќошињата на дворот.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Течеше втората година откако дозна за болеста, ти рече дека ќе бидат седум?
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Во втора година гимназија „Р. Ј. Корчагин“, како мало буце, дотерана во јакна од „Сторм“, со кошулче карирано и фармерчиња, во патики што сама си ги купи од платата заработена кај мене во дуќан продавајќи за време на летниот одмор, на пладне, заедно со неколку другарчиња поминуваше на пешачкиот премин кај „Олимписки“.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Мислам дека бевме во втората година; повторно беше тоа на часот по физичко.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
(Нешто слично ми се имаше случено само уште еднаш; имав слаба по математика, во втора година: Земанек ме тешеше, и ми даде една книга под наслов „Космос“, од Карл Сеган; таму се расправаше за нови, незнајни светови; се тврдеше дека секоја секунда изумираат милијарди и се создаваат уште толку нови светови; тогаш за првпат ми стана смешен проблемот што го имав со слабата по математика).
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Елена се сеќаваше на Марија од втората година на средното училиште.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Во деновите на крајот од втората година на нивниот заеднички живот, самиот тој ѝ предложи да се венчаат.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
При крајот на втората година почна да го учи да се довикуваат.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Граѓанските партнерства во Вермонт, машките извиднички организации на расправа во Врховниот суд, ракоположувањето на геј- епископи од Епископската црква, оставките на геј- гувернерите во Њу Џерси, уставноста на законите за содомија, гејовите во војската, подемот на поларизаторските „клин- политики“, геј- браковите и низата уставни измени со кои се редефинира бракот, а да не зборуваме за позитивната дискриминација, за кривичните дела побудени од омраза и за положбата на малцинствата: сето тоа беше и тоа како доволно предметот, кој и понатаму си го предавав секоја втора година до 2007, да стане траен и неодолив предмет на коментари, и покрај сите мои усилби да го држам подалеку од вестите. (Сакав да го заштитам Универзитетот на Мичиген од злонамерен публицитет).
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
- Кажете ми – го замолив – од кога живеете во Прењес? - Втора година. А зошто велите Прењес?
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
„Секако, знам! Ова ни е втора година како ја поддржуваме акцијата на основните училишта во градот.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
И втора година ме мори нежива заспивам пред зори без адамово ребро липам ко плам биди мит за привиди ненасит и минатото да биде мило да биде што не било ***
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Наведуваше примери: кучето е способно за полово општење во втората година, а живее просечно дванаесет години; коњот, кобилата, говедата, способни се за полово општење во третата година, а живеат просечно дваесет години.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)