втор (бр.) - деценија (имн.)

Меѓутоа, неговите корени ги наоѓаме во некои авангардни движења неколку десетлетија порано - во поштенските акции на дадаистите и футуристите, на пример, почнувајќи од втората деценија навака.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Од тоа време, што и во втората деценија на веков го паметел тогаш живиот и жилав даб со брада, стогодишниот Лозан Перуника, лежат на рекичката Давидица четириесет и три малечки воденици, накривени и безживотни судбини во кругот на заборавот; самоучките врати им се испукани и потемнети, суровото минато ги заѕидало прозорците со бигорен камен. Но си има свое минато.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Во таа илјада осумстотини триесет и петта година продолжува во Африка и Азија движењето на европските колонизатори и се грчи на крвав камен Македонија. ***
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Гијом Аполинер, најголемиот француски поет на почетокот на втората деценија на веков, беше близок пријател на Duchamp.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Тоа ќе може да ни помогне да го разбереме значењето на трите операции изведени врз него, но и да стекнеме увид во потсвесниот тек на мислите предизвикани од тој примерок. Apolinere Enameled, се разбира, се чита како емајлираниот Apollinaire.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Тој беше загазил веќе во втората деценија од своите агрономски студии што почнаа уште пред шестојануарската диктатура, а сега навлегоа во бурното време на Втората светска војна и се преместија во друга престолнина.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)