втор (бр.) - жена (имн.)

кркми — шишки од косата над очи; крла — едвај оди, се крлеба отколк-наколк; крмуз — боја за вапсување ѓувезно; кросно — направа на разбој; крпен живот — во пренесена слика. Живот со втора жена; кршобарец — мариовец кршобарец
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
„Мислам дека е време за нашата Вилијам Тел точка“, ѝ вели пијаниот Burroughs на својата втора жена Joan.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Жената умрела од рак. Втората жена со која имал син, исто така починала од рак.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Чаршијата ромореше за оваа случка, ама и се мајтапеше со вдовецот аџи Герасим, кому откопаната му ја величаа како ветена втора жена, која во чеизот му носи купче богат накит.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Аха: Со починатиот грчки писател Никос Казанцакис, на пример, со авто­рот на Зорба итн., кој, во писмото на својата втора жена, Елена, изрази надеж дека на својата постела за умирање ќе има шанса да се прости, можеби и со бакнеж, од разното медитеранско овошје во коешто толку ужи­вал во текот на децениите.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Тоа може да го стори со разум и без да го потпира со прст челото.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Куќата му ја запалил некој што се исплашил дека вдовецот со две деца ќе ја земе како втора жена Фиданка Кукникова и ќе ги остави селските мажи без можност да се надеваат на своја среќа.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Доживеа радост оти Господ ги благослови со ќерка што ја крстија Зоја, ама следните години беа само црна кр во неговото срце: Павлина закандиса туберкулоза и сега деновите ги минува во санаториум, а Зоја е оставена во рацете на дебелата Божана, втората жена на Бориса, неговиот татко.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Таа како да беше жртвуваното чедо на битолскиот валија Исмаил, пред неговото заминување во Турција со многубројното семејство, оставена да биде втора жена на мојот дедо вдовец во Подградец, гратче на албанската страна на брегот на Охридското Езеро.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
ДВЕТЕ, ПРВАТА И ВТОРАТА ЖЕНА: Па, зарем татко ти не знаеше дека таа те тепа? Си можела да му кажеш!
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)