втор (бр.) - одделение (имн.)

Во училиштето Крсте доби место паралелно со Нешка Рожденжина, само што таа сега седеше во друга редица, во редицата од второ одделение, а наш Крчо седеше во прво.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Остана Нешка со второ одделение и си седна на домашната работа.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
— Ами, зошчо да губиш време кога знајш? — му рече на Кретата и го помина во второ одделение.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Ќе ги ставам рацете на грбот ќе се прошетам низ собата и ќе викнам: “Бошко Стојчев ученик од второ одделение е одличен. Најдобар е во одделението“.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Учествував во драмската секција уште од второ одделение и не можев да не одам на тие проби, и покрај целиот отпор што го чувствував кон неа.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Љупка, која одеше во второ одделение и Сашко во прво, се погледнаа весело, иако беа малку недоверливи.
„Раскази за деца“ од Драгица Најческа (1979)
Четиво во читанката за прво или второ одделение.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
Ќе ги ставам рацете на грбот ќе се прошетам низ собата и ќе викнам: „Бошко Стојчев ученик од второ одделение е одличен. Најдобар е во одделението“.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
Бев во второ одделение и знаев убаво да читам.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
Така тргнаа. Беа завршиле до второто одделение и за потаму немаа учител, значи можеа да заминат.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Таму отидовме со другарчињата од моето училиште, предводени од наставничката Вера која нè учеше, заедно со Трпана, до второ одделение.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Можеби бев на премин од прво за второ одделение кога ми даде две-три шарени книшки, задолжувајќи ме да ги прочитам.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Прво и второ одделение нè учеше учителката Олга, а трето и четврто – мажот ѝ, кој се викаше Свето. Тие беа Срби.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Кога дојде летото завршив второ одделение и се разболевме и јас и сестра ми Љубица.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Во второ одделение со мене беше и Цвета.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Постојано беше настината и секогаш сама седеше во клупата, се срамеше бидејќи децата ѝ се потсмеваа и затоа одеше на училиште само до второ одделение.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Бев во второ одделение, а баба ми беше уште жива и ме испраќаше секој ден до чешмата и ми ја носеше торбата со книгите. Некако бев подзаслабната.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)