втор (бр.) - посета (имн.)

Цел ден прележа во ковчегот; а ноќе пак отиде кај семејството; таа втора посета, како што е познато, беше неуспешна: не стигна да се напие од крвта на Наташа.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Но очите на мртовецот ширум се отворија, дишеше сосема како човек; беше здебелен, посебно во стомачето; и дури се помокри под себе со крвава, како детска, мочка.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
При втората посета, кога брачната двојка Гологанови дојдоа заедно, конечно се случи нешто.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Целата работа стана повеќе од загрижувачка при втората посета на господинот Гологанов по преземањето на кучето.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Повод за неговата втора посета во Македонија била и промоцијата на неговите четири романи преведени на македонски јазик: Мојот американски аџилак (второ издание); Орелот и штркот; Мара; Лавот од Јанина.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Ова беше втората посета, по дамнешната прва куртоазна средба.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)