втор (бр.) - смена (имн.)

„Ако случајно го побараат, ќе им најдам друго“, си рече најпосле, тресејќи ја во контејнер големата црна ќеса, и завршувајќи ја втората смена.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
И оваа година ќе работиме секогаш во втора смена.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Требаше да си одам утредента, зошто требаше да бидам втора смена на работа.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Додека тој се подготвуваше, таа го известуваше дека е втора смена, дека ќерката ја пратила на училиште, а дека синот не си дошол дома ни да преспие.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Брзо разгласуваш по комшии и целата зграда е у неизвесност: дали електро–инженерот што бил помошник директор у Пошта ќе успее да стане шеф на втора смена у МекДоналдс?
„Тибам штркот“ од Зоран Спасов Sоф (2008)
Понекогаш, особено по втората смена, ќе се случеше заедно да појдат накај дома.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)