втор (бр.) - или (сврз.)

После една втора или трета кавга заигра дури и „дрвен господ".
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Но при вториот или третиот стих Пере тивко му шепна: „Се заоблачи, Апостоле“, и тој веднаш ја сврте на „Дуњеранке“, оти влегоа двајца жандарми и дежурниот полициски писар Јачмениќ, кој се врати од Солун и си го зеде пак старото место.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Тогаш сè уште бев во втори или трети клас во средно и редовно одев на викенди во Скопје.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
На секој втор или трет ден се колеше по еден бик или вол пред селската штала што ја зеде војската, близу до езерото.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Овој Браноф, со две ф како нашите Егејци во Канада, ако воопшто е од Македонија, мора да е некоја втора или трета генерација доселеници чии презимиња обично завршуваат на оф.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Првиот од вториот или вториот од првиот.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Ова се случувало во јасен пролетен ден, еден од првите во април, поточно на вториот или трет ден од кусата априлска војна во 1941 година што го означи крајот на кралството Југославија.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Не се ни обиде да објасни дека нејзиното заминување од полето со војникот на бел коњ се случило токму на вториот или третиот ден од Големата војна.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Со сите оние авиони на небото. Со гласините дека непријателот од сите страни напредува.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Мајка ми седнала на седлото пред војникот а коњот во кас го пресекол полето и тоа по оние тесни селски патеки по кои и воловските двојанки многу ретко заскитуваат.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
До полноќ, гужвата драматично се зголемува и, судејќи според зениците проширени како чинии, некои од овие луѓе ја земаат својата втора или трета доза.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Во секој случај, корисникот ја фрли мистериозната таблета на под.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Му реков на С.Б. по втор или по трет пат дека го сфаќам и дека се согласувам со него.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Почнав да позајмувам книги и од некои ученици што учеа во градовите и ќе се чудите ако ви речам дека во тоа време, кога бев учениче од второ или трето одделение во нашето селско училиште, јас веќе знаев за Робинзон Крусо, знаев за Али Баба и четириесет разбојници, за Синдбад морепловецот, за Црнецот чичо Том и ред други наслови и јунаци од книги.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
И оттогаш речиси цел половина век и повеќе, тој Амди Сербез, а пред тоа и татко му, секој втор или трет петок во месецот слегуваа во градот на пазар, а притоа на дедо ти, а пред него и на мојот дедо му носеа, волна, сирење, масло, а за празниците и јагне.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)