два (бр.) - живот (имн.)

И два живота да живееш, никој нема да ти биде толку близок до твојата душа како јас.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Јас и два живота да живеам нема да се доволни да простам и заборавам.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Никој нема да ти го допре срцето, зошто таму е моето срце, во твојот поглед е мојот лик, во твоите очи мојата убавина, на твоите усни мојот копнеж, на твојата душа мојата љубов, на твоите гради мојот живот.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Но морам да простам за да си ја ослободам душата, еден од нас нека биде среќен.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Неговата и мојата борба за зачувување на двата живота.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
- Ама сѐ побогато и побогато се живее, - ми вели тој. – Сега човекот живее два живота, - ми вели.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Ги чувствуваше сега тие два живота како две напоредни линии, кои ниеднаш не се приближиле ни за една сламка и кои беа секогаш осудени да остануваат најдалечни една од друга, колку што било возможно тоа, колку што го позволувал тоа животот во едно заедничко време и во едно село со доста честите совпаѓања на судбините.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Беа два живота, оддалечени еден од друг со многу илјадулетија самување; тоа не можеше да го премости ни добрината.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Денот му бил ноќ, се плашел од светлина.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Немал два живота; сепак дење го презирале, ноќе му се восхитувале со морничавост.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Како да водев два живота во еден, едниот против другиот Беше чудесен медитерански ден. Зарем ден на државен удар!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Помисли дека има два живота; дека неговата душа има две тела; дека неговото тело има две души; дека има способност да умножува светови и го греат две сонца...
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)