два (бр.) - збор (имн.)

Ете, утре ќе одат пазарџии со штици, ќе тргнеш со ниј со едно магаре, оди ми со здравје, ама јас не одговарам за твоата глава, — се искажа Толе и го викна Гулета. Му го предаде Ѓорчета со два збора: — Човекот сака да биде мариовец и утре пазарџиа за Битола.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Митре си ја зеде грижата.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Сега ќе разбериме ќе има ли некоја помош од Бугарија или ќе се прибираме сите внатре.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Еден прост овчар селанецот Толе Кулиќев ги умири сите востанички водачи со два збора.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Со два збора им кажаа дека ги бара Ѓорче, кој иде во помош со педесетина четници и осум товари џебане.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Anemic е речиси cinema ако се прочита наназад; во првиот кадар на филмот, двата збора кои се напишани, се наведну­ваат еден кон друг, движејќи се околу вертикалната оска, рефлектирајќи се напред и назад, како движење на спирала.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Камилски претпоставуваше дека брзо ќе ја решат судбината на овие два збора, коишто, според него воопшто не можеа да се сметаат за опасни, така мислеше и Татко, но за него расправата не беше завршена, туку таа дури сега почнуваше: Има зборови кои ја имаат моќта на метафори, со неколку од нив може да се раскаже дури и да се опфати историјата на човештвото.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
- Оправдувањата драга моја... - двата збора Рада ги доживеа како два удари со камшик кои оставија крвава трага.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Но, морам и нему да му кажам два збора.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Со устите испукани, пришт, изговараа по два збора и остануваа простум на купот земја.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Слези долу, два збора имам да ти кажам.
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
Слези долу! Прв пат го сакам тоа од тебе. Толку можеш.
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
„Зарем не се езатени и екутени два збора во љубов некаква, во сродство и подобие телесно?“
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Јас, браќа, измислив две имиња, два збора сочинив, што не постојат во ниеден јазик, кај ниеден род.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Најпрвин беше замислила еден сосема класичен и глупав почеток: директорот на училиштето да им се обрати на учениците и родителите со свој говор (сите знаевме дека тоа е неверојатна глупост, оти Фисот не знаеше да срочи повеќе од два збора на хартија, и тоа под услов да бидат напишани во два различни реда; тој имаше страст за решавање крстозбори и анаграми и сите имавме впечаток дека допрва ги учи зборовите како средство за изразување).
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Не зборуваше со мене многу, ама кога ми кажа два збора дека ѝ се јавил синот, знаев од каде е куражот.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
МАРИЈА: Влези Ацо, влези. АЦО: Не сум за влегување. Само на Андреја два збора да му кажам. (Андреја оди кај Ацо. Разговараат. Пауза.)
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Ѝ се закануваше со сила да ја обесчести, но таа со два збора му одговори: – Ако не ти е мил живот, де бакалум!
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Нема сомневање дека двата збора се дел од парола и најверојатно тоа е остаток од тогаш многу популарните пароли со кои се гласеше братството и единството меѓу македонскиот и грчкиот народ.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Ние тогаш не можевме да разбереме што значат овие два збора заедно, а и зборот Балкан.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)