два (бр.) - извор (имн.)

Летно време, тоа количество би било нешто помало, но не битно помало, бидејќи двата извора за кои стануваше збор, тоа го потврди Михајло, а знаев и јас, не го намалуваа значително количеството на вода лете, наспрема зимата.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Утрото станале и го зел Силјана Аџи кљак-кљак, та го прошетал низ неговото гратче и го однесол кај двата извора, што се правеа штркови и човеци.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
– „Тие луѓе се штрковите наши што ни идат овде, браќа, им рекол; тамо во градот кај што бев има два извора: во едниот да се искапеш ќе се сториш штрк, а во другиот да се искапеш, да се сториш човек.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Отидовме на падините на Билга, требаше да се фатат два извора и едно мало речиште.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Откога видел Силјан оти не веруваат, почнал да им кажува што му правел на татка си, како го поучувал татко му и тој не слушал, како се главил со дуовникот, како влегол во морето, како се нашол на долна земја, како правел муабет првата вечер у Аџи Кљак-кљак, како му прикажувал за старецот што го отепале децата и што колнал, како излегле двата извора од кога им изумреле сите деца од големата сипаница, како се сторил штрк и си врзал шише на гуша и како патувал од штрковата замја преку широкото море, како дошол над Плетвар и го окршил шишето, та си останал штрк и си дошол дома.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
На трите години од помеѓу гробот на старецот извреа два извора што се и ден денеска.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)