двајца (бр.) - им (зам.)

Користејќи го фактот што во тој момент на островот Вис се наоѓале генерал Вилсон и Тито, Маклин и на двајцата им го изнел својот план.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Лицата и на двајцата им беа дебело покриени со прав од вар.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
На двајцата им беше жал што не отидоа.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Речиси во истиот миг на двајцата им се совпадна ист одговор.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Го слушнаа зад себе шепотењето: „колку прекрасен пар“, пленат и двајцата со својата елеганција. Ова на двајцата им годеше.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
„Спортот“ за кревање чашки на двајцата им беше од поодамна познат.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Чувствував дека на двајцата им требав, дека им беа потребни мојата љубов и мојата сила.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Во текот на еден љубовен дует на самата сцена и на двајцата им станува јасно дека нивната љубов всушност никогаш не згаснала, напротив, новата средба само уште повеќе ја разгорува.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Љубовта и среќата толку ги исполнуваа што и на двајцата им се чинеше банално било што да кажат.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Си го прибра погледот и на оние двајца им рече: - Се надевам дека ќе го забележите редот?
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Погледите на двајцата им беа потонати еден во друг со чувство на нуркање во топли лековити водје.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Си го прибра погледот и на оние двајца им рече: "Се надеваме дека ќе го забележите редот?
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
На двајцата им требаше доста време додека да се одделат.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)