две (бр.) - сенка (имн.)

Над него се наведнале две сенки. Го прашале како му е. Им одговорил со офкање.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Знаеле, на обесвестениот видовник очите му биле мртви а кон обете слепоочници му се леела крв, зла како што рекле пред тоа.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Ништо не беше допир за таа заспаност, дури ни несигурното чкртање во грлото на една брава, над која се грчеа две сенки сијамски залепени и пошироки отколку високи.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Стоевме со Земанек на насипот, две сенки на последното сонце; стоевме и не знаевме што да правиме.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Ко две сенки, нечујно се разминавме во магнетно поле од електрицитет, допирот не ми значи...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Го впи погледот во улицата и ги виде двете сенки. Беа бесшумни и далечни.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)