две (бр.) - машки (прид.)

Двете машки деца на Дине Бочаровски се меткаат низ турканицата долж композицијата.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Мајката Роса со две сонца во човечињата на очите, зацрвенета и сериозна, нејзините сестри близначки Сава и Танаска со по една момичка исти како и помалечките на Роса, трите нејзини ученички, Милка со две машки и нејзиниот маж и се разбира, Деспина, бликната од радост ама и од едно чувство на страв што ја мати радоста.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Кого и да запрашаше човек во тие години, мајка или татко, колку деца има, ќе речеше четири, две момчиња и две кози, или три, две машки и една коза...
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Не бев ни забележала дека веднаш по мене излегле двете машки деца од братот на Вера и со чудење и нејасно за нив сочувство гледаа во мене.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Откако Милка и Пелагија се одлепија една од друга, откако им се исушија солзите, оставајќи траги по нивните лица, првата можеше да го претстави своето момче и да се пофали дека оние две машки дечиња што креваат најмногу врева и од кои поголемкото е старо колку и нејзината Пеличка, се нивни, И по суратот се познава дека се наши не само по бојата! рече Милка.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Ставот на таа прекрасна самовила меѓу две машки раце...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)