девет (бр.) - година (имн.)

Девет години ако издржиш, со квантен скок во последната минута на дваесетиот славиш со 2:0.
„Најважната игра“ од Илина Јакимовска (2013)
Мора да е некаде околу тој датум, зашто беше прилично сигурен дека самиот тој има триесет и девет години и веруваше дека е роден во 1944 или 1945 година; но сега беше невозможно да се утврди каков било датум во рамките на една или две години.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
На шест години - една година пред време, со специјално отстапување од правилата - тој станал член на Шпионите; на девет години веќе бил командир на одред.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
„Јас имам триесет и девет години.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Погледнете уште еднаш. Јас имам триесет и девет години и четири деца. Сега гледајте“.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Едно убавичко, цврсто момче од девет години рипна од зад масата и нанишани во него со автоматски пиштол-играчка, додека неговата помала сестра, околу две години помлада, го правеше истото со едно парче дрво.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Кога имав девет години се главив да служам кај реснанскиот Ризван-бег за храна и облека и за да научам турски.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Чекорите одминуваат, одат по некој друг, добро што не го запре овој вруток од пријатни мисли: „Во училиштето за сиромашни еврејски деца, учениците изучуваат четири јазици: хебрејски, грчки, француски и шпански.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Се сосредоточува на текстот од интервјуто за „Der Morgen“ кој му се враќа во мислите збор по збор, онака како што го даваше тогаш, пред девет години, имајќи ги пред очите како негови први читатели, татка си, реб Апфелблум, своите ционистички пријатели од Жешов, авторитетните рабини на Берлин, дури и неговите просветени професори од Виена кои во неговото доживување стојат, тројцата, со широко разлистани весници, потчитуваат од неговото интервју, а потоа задоволно фрлаат меѓусебни погледи преку рамките на очилата и цвикерите и задоволно го одобруваат прочитаното...
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
На деветте години, си летнала од планина и си дошла дома.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Коа ја видела, вистина лежала снаата на постела и тогај пак се молила на Бога за Госпо да 'а стори пак девојче, да је дае прочка на снаа си - ја да умри ја да стани.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Јас тогаш имав две години. Мајка ми имала четири деца и едно умрено девојче по име Маре, на девет години ослепено.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Наместо под девет земји девет години пред тебе да ме закопаш Ти ме остави да скитам по патиштата Со сите да те барам и нигде да не те најдам - Така ме раздаде. Така ме уништи.
„Камена“ од Анте Поповски (1972)