деветти (бр.) - век (имн.)

Кога се премина на вино и кога полковниците му одвраќаа на здравицата на кметот, кој при секоја новонаполнета чаша, им наздравуваше, учителот крена чаша, им наздрави и почна: - Селово наше, Езерец, има 180 куќи со 850 жители; формирано е по доаѓањето на Словените во шестиот век, најпрвин како рибарска населба; во деветтиот век е под власт на Бугарија; во десеттиот век влегува во царството на македонскиот цар Самоил; по неговото пропаѓање, во единаесеттиот век потпаѓа под независното Латинско царство што го формираат Крстоносците на одење кон Ерусалим за да го ослободат Божјиот гроб; потоа со ширењето на Второто бугарско царство, пак потпаѓа под него; потоа е во состав на Српската држава; со доаѓањето на Турците, останува пет века под Отоманското царство; по Балканските војни, пак е во состав на Српската држава; од 1915 година пак е под Бугарија; а сега, по пробивањето на Солунскиот фронт, во состав на кралството СХС.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Согласно со фактите, старословенската глаголица веројатно води потекло од грчката минискула од деветти век, што се покажува со грчката градба на глаголичкиот алфабет, како и во редоследот на графемите, кој ја одразува грчката алфабетска низа.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Заслугата за тоа ја носат христијанските мисионери и првоучители, браќата Константин (наречен Кирил, 826/827-869) и Методиј (810/820-885).
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Очигледно е дека аналогни тенденции се пројавуваат и во другите системи на писмо, настанати во христијанската ера, конкретно, во старословенскиот свет.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Што се однесува до црте­жот на графемите, далеку појасен е вториот вид на старото словенско писмо, познат под името кирилица.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
На почетокот на деветтиот век, во словенскиот културен ареал се појавуваат сосема оформени системи на писмо, засновани врз грчкиот систем на писмо.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Од 43 знаци на овој алфабет, 24 букви ги повторуваат гра­фичките симболи на грчкото унцијално писмо од деветти век со соодветните фонетски значења.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)