десет (бр.) - илјада (имн.)

Првите мерни единици не ми се познати. - Па имотот заедно со куќата изнесува околу десет илјади метри квадратни.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Десет илјади, му рекоа, а тој само што не прсна, какви десет илјади за оваа сува слама во измитарена кожа, кога тоа чудо нема ни заби, немаш заби ни ти, му рекоа браќата, понесени од љубовта на Отец Симеон за белата душа и рекоа уште нешто, заради што пенушката помодре и им ги покажа забите, па тие веднаш се снајдоа и го одвлекоа коњчето, сеедно, не е само тој купувач на овој вангелосан свет.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
И сѐ така триесет години и сѐ така над десет илјади денови и ноќи.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
И сѐ така, цели триесет години, цели десет илјади утра и квечерини.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
И одеднаш, сонцето се навали сосема на планината и силен одблесок од едно стакло на џипот ме заслепи сосема; во моментот кога видов светлина, десет илјади пати посилна од сонцето, кога веќе не гледав ништо, одеднаш слушнав гласови: Тој: О, убава си, љубов моја, убава си!
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
И во следниот миг видов млаз кон мрежата; миг потем видов светлина, страотен блесок, десет илјади пати посилен од Сонцето, како очите Господови; таква светлина никогаш во животот немав видено, господине судија; светлина еднаква во сите свои делови, виолетова, облак од светлина што не е во едно време убав а во друго неубав, ниту за едни е убав а за други – не; таа светлина траеше само еден миг, кој ми се виде цела вечност, и јас знаев дека и Јан Лудвик ја гледа таа светлина од прапочетокот, и како бев вон себе, исплашена, во шок, јас бев среќна што Јан ја виде таа светлина, уште еднаш.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Набргу беа отворени околу 87 македонски училишта со десет илјади ученици — на крајот од истата година и привремената влада на Грција на Македонците им призна право на целосна рамноправност и слободен национален развиток.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Везирот го испрати Цреповиќа и го пријави следниот дипломат, со краток доклад што бара: – Шериф Абдула, пратеник од персискиот шах моли милост за сина му на шахот што се наоѓа како сужен кај нас. – Десет илјади златници – отсечно проговори султанот и ја заврте главата настрана, не сакајќи понатака да зборува со претставникот на победениот шах.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Добро е да се чинат сите тие работи по десет илјади години.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Храната е добра. Минаа десет илјади години од последната храна.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)