десет (бр.) - или (сврз.)

„ Од мене си помлада десет или петнаесет години.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Жабе и натаму џвакаше јатки од млади ореви, гласовито зборуваше дека во светот се вади жива вода на сто метри длабочина, понекогаш и жешка, рацете, вели, да си ги изгориш, а Паско Бачо, како човек кој не чувствува потреба да бара прецизна причина за да каже нешто кое не мора да е во вистинскиот контекст, па уште и со некое спокојство, се сврти кон мене: „И така, Симон“, вели, “во 1956 година, дури се копаше вака каналот за наводнување Камадаречко, беше среда, 21 септември, дванаесет и десет или дванаесет и петнаесет часот, не ме фаќај за зборот...“
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Неговите иследници не беа повеќе оние разбојници во црни униформи, туку партиски интелектуалци, мали тркалезни луѓе со вешти движења и со блескави очила, кои работеа на него во смени што траеја - не беше сигурен, но претпоставуваше - по десет или дванаесет часови без прекин.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Беше тоа дупка од одвај десет или дваесет метри длабочина, со грамади од камен на дното.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Морал да имал, си мислеше тој десет или единаесет години кога мајка му исчезна.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)