еден (бр.) - минута (имн.)

Некои, уште од црква цврцнати, поведоа танец, искочија горе и целото поручек помина за сите како една минута.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Патот се прошири и за една минута Винстон стигна до изгазената патека за која му зборуваше девојката, една обична добиточна патека што се губеше меѓу шибјето.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Во рок од една минута, таа ќе се претвори во пепел.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
На располагање имаше можеби една минута за дејствување.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Додека траела операцијата, пред да го направи решавачкиот зафат, му рекол на болниот дека само по една минута ќе престанат да му се тресат рацете. И така станало.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Ми се јавува таа после една минута велејќи дека жали зошто не може да најде такси за да ми ги прати влечките.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Збирот на минутите понекогаш изгледа поголем од неговите составни делови, па четириесет и пет минути не се состојат од една минута, па уште една, и така четириесет и пет пати - кога се групирани, минутите како да формираат некаков пакет, кој е полесно да се проголта како сендвич со шунка, кашкавал, зелена салата и кечап, а не само како сува кифла.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Тој кратко престана да работи. Паузата траеше можеби една минута, кога девојката неочекувано праша, „Дали сакаш торта?“
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Бетонските блокови, кои само до пред една минута му се чинеа дека се креваат од некоја бестемелна празнина, за да бидат поставени над нематеријални темелни ѕидови, сега се стврднаа во неговите раце, и темелите на кулата преминаа во своите вистински димензии.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Џелатот нема да го изненади, тој го очекуваше сега, по една минута, по две минути.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Од благодарност, секогаш штом една минутка ќе немаше своја работа, ќе одеше кај некого од селаните да го праша дали нема да му сработи нешто.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Џорџ Смит стоеше гледајќи по него. По цела една минута го стори она што единствено можеше да го стори.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
„Ќе ти треба само една минута”, му рече милата женичка на вујко Ејнар.„Одбивам“, рече тој. „А за тоа ми е потребна само една секунда.“
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Тате гледаше цела една минута кон Марс. Потоа наслепо ја испружи раката кон мене.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)