еден (бр.) - педа (имн.)

Само по една педа или по еден чепорок на ден го поттурнуваат, го помрднуваат, нагоре, кон Пелистер.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Беа секогаш оние северни ведрини, од кои мразот преку ноќта се стегнува како кремен, за некаде веднаш попладне само штом ќе почнат да капат капавиците, а веќе светлооката острина на цибрината ги маѓепсува со погледот на своите бели ѕвезди, и само мранзулите по стреата и по ветките ќе стасаат да пораснат надолу уште за една педа.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Оти вселената беше поместена за една педа.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
- „Гледај го ти него! Една педа, а се прави важен.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)