еден (бр.) - поглед (имн.)

Келнерот не се лаже. Еден поглед му е доста, секого да го измери колку тежи.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Но еден поглед, еден збор и насмев! Ми го украдоа срцето занавек!“
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Јас сум на брегов горе и ако сакам, со еден поглед го опфаќам пределот долу.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Го кажав тоа бесно и гневно, не затоа што ми пречеа ората и народната песна, туку тоа што Луција не ме удостои со ниту еден поглед, откако почна состанокот на литературниот кружок.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)