еден (бр.) - рака (имн.)

Чомлекот, на пример; редовницата уште одвечер ќе го наполни грнецот со дробенки од гоедско месо, само удина, ќе стави многу кромид, цел грст налупени чешниња лук, една рака суви везени пиперки, црна пипер, сол, две-три дрвени лајци сало и ќе го поклопи; околу наоколу поклопот убаво ќе го залепи со тесто за грнецот, за да не туши, и така спремениот грнец ќе го намести на огниште.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
— Капата, бре пес! — го искара Крсте детето и ова го симна од главата својот извалкан фес и го прибра барутот и сачмите, а откако се истави од Шаќира, си ја нарами кремењарката, фати горе Жиовскиот дол, та си отиде дома, мислејќи во себе.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Се нагрвалија околу вреќите. Шаќир почна да тура секому по еден грст црн прав и по една рака куршуми.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Први се Коста и Атина Папастојку — тој е без една нога, а таа без една рака, и тоа ги зближило.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Потоа нѐ зедоа нас со Оливера Поточка и ни ги штракнаа лисиците. Една рака моја, една нејзина.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Костадиница има нешто во главата! си помислува, си ја поткрева едната рака и прави пу пу под под мишка, што и да е, нека е подалеку од неа и од нејзината Чана.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
А ние, осакатените, кој со една нога, со една рака, со по две и три дебели лузни на телото од раните добиени во граѓанската одевме и кај едните и кај другите за да ни се потпишат под изјавата дека бевме учесници во НОБ и во ДАГ и тие со нивниот потпис одлучуваа ќе добиеме или нема да добиеме боречка пензија.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
- Мене има кој да ме брани. Го знаеш ли Ване Гавранот? Е, тој ти е нешто. Со една рака железо витка.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)