еден (бр.) - чоколада (имн.)

Тоа го сторив трчаница. Ме чекаа зад училишната зграда.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
А сега, ајде, оди си ... Адиовидерчи!“ - ме чукна по рамениците и ми пикна в рака уште една чоколада.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
На големиот одмор Љупчо ми даде 50 динари и ме прати до самопослуга да му купам дваесет чоколади - животинско царство.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Љупчо отвораше една по една чоколада, внимателно ги собираше сликичките и ни даде по четири чоколатца.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)