еден (бр.) - за (предл.)

Сите сватови пред ресторан со цигарите, ај’ уште една за друштво со тебе, еј ај’ со тебе, види и со нејзе... а музиката свири ли свири, а не знам кому.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Не се станува лесно пријател во животот и играта како што беа тројцата еден за друг.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Една за владиката, таман три. — Ја направи дедот Петко сметката.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
И дојдоа, во најмагливата ноќ во декември, со сопствени возила колку што вкупно во населба немаше, а мајка ѝ ќе пукнеше од мака што соседите не можат да видат колку бакшиши ѝ донесоа на „нечесницата што се дала пред брак“ и колку букети влегоа во бараката и, замисли, по два, еден за свршеницата, а еден за „госпоѓата “мајка.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)