единаесет (бр.) - година (имн.)

Кире беше единаесет години. Дете на кој никој не обрнуваше внимание.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Останавме дома брат ми Вангел на единаесет години, јас девет, Пане шест и Севда, ќерката на брат ми Спиро, две-три годинки.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Во Прага останува 26 години, значи и во времето на Фердинанд I и на Максимилиан II (1564-1576), но пред сѐ се важни единаесетте години за време на Рудолф II.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
На филм почнува да работи како монтажер во 1965 година и следните единаесет години ги минува монтирајќи филмови, вклучувајќи ги и многубројните документарни филмови за Централната информативна служба. 1966-та година, започнува да ги реализира своите сопствени филмови.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Русокос, висок, тенок и убав како нарисан, уште малечок, во 1947-та, кога татко му Ѓоре Дамчески и деленицата нивни Божин Дамчески Штркот паднаа во затвор, беше се завлекле во Методија Андонов Чентото и Ѓорета го осудија на девет а Божина на единаесет години затвор, мајка му, Илинка Дамческа, на која останаа другите пет деца, алипниот свекор Блаже Дамчески, и сиот немал имот, го даде кај делениците во Прилеп да изучи за ковач, што сосема, сосема не му одговараше на ликата.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
По, сепак, Атанас, тих и срамежлив, го изучи занаетот, израсна во вистински далјан.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Милан сигурно имаше десет или единаесет години, кога еден ден краставата жаба ја презела должноста, и оттогаш гуштерот никогаш веќе не се појави.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Таа друга уметност, која одбива да се декларира како народна е „културолошко труење со предумисла“ и е производ на бољшевизмот и тоталитарниот комунизам (што можеше Луција да знае за бољшевизмот и комунизмот со своите седумнаесет години, кога имала само единаесет години кога се урна комунистичкиот режим?).
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Јас, тоа последно лето што го поминав во нашето село, бев на возраст од единаесет години, мојата сестра Ева тогаш имаше тринаесет години и нашиот брат Тома на возраст од петнаесет години.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
- И бевте многу деца и вие тогаш имавте единаесет години? - Да...
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Тогаш имав единаесет години.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Тогаш ние имавме не цели единаесет години.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Стоев во претсобјето, мирисот беше ист како и пред да заминам, оној мирис кој го донесовме со себе кога се вселивме во тој дом кога имав единаесет години, и кој остануваше непроменет и откако Зигмунд се отсели кога имав дваесет и една година, и откако се мажеа и од домот заминуваа моите сестри, и по заминувањето од дома на брат ми Александар, тој мирис на нашиот дом остана ист и откако умре татко кога имав триесет и четири години, една година пред да заминам за Гнездо.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Останал истиот и без мене овие седум години.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Морал да имал, си мислеше тој десет или единаесет години кога мајка му исчезна.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
„Да.“ „Пред единаесет години ти измисли една приказна за тројца мажи кои беа осудени на смрт за предавство.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Мора да поминале девет, десет - речиси единаесет години откако се разделија.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Тоа беше пред десет - единаесет години. Да се случеше денес, можеби ќе ја сочуваше фотографијата.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Почна да ѝ раскажува на Џулија за нешто што се случи или, поточно речено што не се случи, во едно друго спарно летно попладне, пред единаесет години.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Уште една копија на фотографијата на Џонс, Аронсон и Радерфорд од некој партиски прием во Њујорк, на која наиде пред единаесет години и веднаш ја уништи.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Сепак, единаесет години подоцна, со измената и дополнувањето на ЗРО (2005), од август 2008 година, беше избришано ова најнетранспаретно непосредно обезбедување работник од страна на самиот работодавач – по пат на директно склучување договор (чл. 3, ЗИДЗРО/авг.08).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Попот не направи никакви официјални свршувачки, армасувања. Та и со кого би правел? Зетот десет, невестата единаесет години!
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Тоа се забележа и во работата. Дотогаш, иако мала на десет во единаесет години, работеше токму со мајка ѝ.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Беше тоа кога јас имав десет или единаесет години.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Од друга страна, како може девојче од единаесет години да пресуди правилно во игрите и битките на родителите?
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Отидов во Битола. Ама желба ќе рече некој! Ама патување! Во Битола! И тоа ми било нешто! Ќе рече, но ќе згреши.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Не споредувај се со Ивана, нејзиниот случај е различен.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Немаш уште ни единаесет години, а си запнала, свет, па свет.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Колку сум возбудена, се чувствувам како да имам во моментов единаесет години, токму како ти сега, и како да сум повторно дете.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
ВО БИТОЛА СО ВРЕМЕПЛОВ Дури некаде во октомври, еден месец пред да наполнам единаесет години, конечно доживеав и мене да ми се оствари една од моите патувачки желби.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Долго се задржавме пред куќата.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)