обете (бр.) - земја (имн.)

Има суштини во животот кои во екстазата на нивното случување се впиваат во душите и пред нив зборовите се немоќни, можеби понекогаш и еден вид сквернавење...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
И новата земја што ја претставував во Франција, како десети дел од некогашната југословенска федерација, Република Македонија, природно не покажуваше интерес за комплицираното и за неа некоњуктурно палестинско прашање, макар што обете земји на некој начин се судруваа со слична судбина...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Ако Дунав ја дели Романија од Бугарија, тогаш мостот ги сврзува обете земји, па со право го носи името „Мост на пријателството“.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
И овде, на Изложбата, обете земји бијат битка за престиж.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Умно забележа дека е тоа прекрасна креативна врска меѓу амбасадорите на две пријателски земји, велејќи дека пишувањето книга за тоа би претставувало драгоцен прилог за обете земји.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Одлуката да патувам во Албанија се совпадна со поодминатите подготовки на патувањето за кое беа вклучени неколку институции во обете земји.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)