обете (бр.) - рака (имн.)

7. Со каиши на нозете ги прицврстив качувалките а во обете раце цврсто држев по една поголемка вакуум-гума за одзатнување на одводни цевки.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
А самобендисаните во Венеција не ги интересира, на пример, како се чуваат спомените на Вивалди, тие си мислат дека Ла Фениче е обновена од пожарот за да има каде навечер да си чепкаат во носовите и да си ги негуваат навиките од детството.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Ако среде чепкање во носот ги полази некоја зелена или златокрила мува веднаш ќе се обидат да ја плеснат по газ со обете раце како да го упатуваат својот единечен аплауз баш кога не му е време.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
МИТРЕ: Не знам што сакам, (ја зема главата во обете раце) главата ми е како бутин! (Седнува на големиот куфер, покрај малото, и очите не ги тргнува од него).
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Погледнав - Карамба-Барамба стои мирно, сенката негова се тресе.
„Сенката на Карамба Барамба“ од Славко Јаневски (1967)
Дури и да се криви и да прави со обете раце продолжен нос потсмевајќи му се на мојот цртеж.
„Сенката на Карамба Барамба“ од Славко Јаневски (1967)
Воздивнав и со обете раце затропав удирајќи одвреме-навреме и со тапиот врв на чевелот.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Тој се поднаведна и влезе, со неа в раце, во визбата, таа му се извлече од рацете и со обете раце му се обви околу вратот.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Старецот го доиспи кафето, со обете раце се поздрави со нас и, клинкајќи тргна пругоре по улицата.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Дрвената порта ја отвори ширум и со обете раце нѐ кани да влеземе в куќи.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Тој се наведна преку работ на покривот над терасата, ја пречека со обете раце и несмасно тешко ја крена преку ѕидот.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Низ нејзините раце течеше едно лесно потреперување, како да поминува низ нив некој далечен бран на страв.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Луѓето долу, на улицата, имаа смалени фигури и беа раштркани по плочникот, ретки автомобили брзо ја пресечуваа стеснетата бела врвица по средината, само двократниот црвен автобус, откако ќе се занесеше на завојот од плоштадот, на влегување во главната улица, лазеше тука рамно, притеснет во некоја своја одредена четвртеста линија.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Претпазливо, како да ја испитува издржливоста на железните пречки што го држат, се наведнуваше со телото над уличната бездна, сеќавајќи го уште посилно засекот на железото во мекото месо на подлактицата.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Жената се доближи до работ на покривот над улицата и веднаш се стресе од вртоглавата замајливост на длабочината, напластена густо со квечерината, со недогледно дно, па се отфрли назад кон телото на мажот, удирајќи се во него и опрлувајќи го со трескава врелина и незапирливо треперење.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Човекот ги префрли обете раце преку железото, како да се распнува на него, и сега гледаше удолу без она несигурно стоење на тлото.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Веќе е строен, црнокос момчак со вдлабнати, темни очи во кој снегот се топи, со лик и срце од претците, поглаварскиот народ што господареше со моќни градови од камен и иловица, во чиј центар се издигаа гигантски скалести пирамиди - храмови (одолу обете раце на малите свештенички, складни како фигуринки од фајанс, змиите се обвиткуваа со мирна предаденост).
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Човекот навистина се занел на една страна и се фатил со обете раце за стомакот.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
И сѐ друго што било кажано, - „Јас ќе го внесам него (оној Доце Срменков) подлабоко в земја.“ Но сега пред куќата се сновела сенка. Ја видел.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Бездруго веќе знаел како морало да се случи: Арсо Арнаутче ја фрлил секирата и, чиниш во пад е, ја повлекол со себе покорената жена кон невидени длабочини, поточно кон земјата од која ќе почне нивното барање на длабочините додека ќе ги сменуваат писоците од уста в уста рамно, од месо в месо; ја видел, трет во тоа збивање, испреплетеноста на змиската игра и со обете раце се фатил за првото стебло како да ќе го искорне; само се лизгал со дланките по мазната кора паѓајќи на коленици и удирајќи со главата во празно како да стресувал од вратот копривно лути гасеници.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Зад него немало никого, точно како пред тоа да се сретнал со привидение кое без каква и да било врска со неговите мисли и грижи испливало од мракот на пренатрупани, искинати и неповрзани соништа.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Еби го со колот в грклан, И за побратимот Пеце, Убиваше, сега умира и моча под себе, Убавина, ова е убавина, Му го фатив јазикот, помогнете ми да му го извлечам од уста, - но дел од оние што не можеле да се допрат до глекавиот куп месо и крвиште јуреле кон белецот и го заплиснале со секири и го боделе со колови, и тој белец, со богата грива но веќе со неколку црвени риги преку кожата, 'рзнувал и се пропнувал пред безмилоста сѐ додека не ги оставил уздите на жилавата гранка, да ѝ се извлече крвав на одмаздата и да ги остави луѓето со запенети муцки, и тие со една и само своја реченица: Имавме секири, ножеви, колови, сега имаме пушка и јатаган и уште двајца мртовци, Коњот не требеше, животинка е, И коњите не им се поарни, носам јас на грбов стари удари на копита, А мене денес копито ме поткачи по коленово, Можело и погоре, имаш пет деца, Молкни, секирава моја уште е жедна.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Тогаш тој, оставен и заборавен, се исправил со мака на коленици како за молитва, можеби и се помолил, и стиснал со обете раце нож свртен со врвот кон левата страна на градите.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Со обете раце копајќи го глекавиот мрак на отворената утроба, зграпчил сѐ што може, дробови, сплинка, жолчка, црева и срце. Повлекол.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Бегајте, мртви, се фатил со обете раце за накривен кол во оградата од дабови прачки, ова е свет на живите, вратете му се на гробот, останете меѓу камења, меѓу скаменети полжавчиња и мравулници, вратете се, вратете се.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Онисифор Мечкојад го распарал животното со долго и сигурно движење.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Но оние двајца веќе се слеале со мракот на далечината.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Се исправил држејќи се со обете раце за половината.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Од набабрениот стомак се подаваше долга вила - запците ѝ лежеа забуцани меѓу ребрата на животното што ѝ се предаваше на судбината со тажна мудрост во окото.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Се занишав и се фатив со обете раце за гуњата на очајниот Онисифор Проказник.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Пред да сфати како паднало последното младо стебло (биле исечени за цела зимска седмица), Лозан Перуника го видел предавството на крвта, на годините, на прегладнетоста.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Се слушнало само некакво суво дишење, болно и испрекинато, човекот можеби се засркнувал, додека и другите околу него не почнале да дишат како и тој, претсмртнички или пијано, потоа тој Јане Крстин офнал и се занел на една страна, тогаш кога сите знаеле дека од негде некој стрелал кон нив, кон сета толпа, сеедно во чие месо ќе се забие оловото од бездруго долгата арамиска, беговска или измеќарска пушка.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Тогаш до оние околу распарчениот труп стасал задуван Симон Наконтик и првиот што клечел го зграпчил со обете раце за глава.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
И секогаш 'и палат анѓелите, како кандиленафтите во црквата.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Ноќта кај два - три саатот, дошол богатијот со една ластегарка, го открил, му удрил неколку по плеќи и саноќ го терал да 'и пренесуат камењето од гробот, од еднијот крај на гробиштата до другијот.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Кога ќе те фатам со обете раце, да кога ќе те биам, биам, ем с¯ до плеќите од жената ми.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Трчаница бабата влегла в куќи и ја прегрнала со обете раце, та ја избакнала и откоа беше ја испрашала од кај дошла и што дошла, си ја поќерчила.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Ја фатил со обете раце земњата и ја притиснал од сите страни за да ја збери, за да дојдит тркалеста.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Коа видело Велко оти стоел Силјан на тоа место, пошол да си го земи стапчето и го грабнал штркот преку полојна со обете раце и свикал по мајка си: - Мајко, мајко, го ватив штркот!
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Дури викале народот така: „лага е, лага е“, момчето беше засукало ракајте од обете раце, та како да црпеше жито одземи и клаваше на вреќа, така му 'и црпеше збороите од народот што 'и велеле: „Лага е, лага е“ и со голема брзина 'и клавал во вреќата и штом беа замолчиле народот, беше ја зашил вреќата и беше ја врзал јако, та ја остаил едната.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Во тоа време дошла кај жената му и мајка му да му помага за кравите молзење.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Тије му раскажале, оти као нејќит да глеат греој кај му умираат децата од глад, се сторил каил да умрит.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Селаните го прашале: - Као стори така? Пак стана?
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Однесете ме на гробишча, тоа сакаат мелење, месење, печење!
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Си дошол вечерта мажот од чаршија и кога видел оти ништо не свршила жената му од тоа што ја беше нарачал на метлата, је грабнал со обете раце метлата од долнио крај и ја легнал да ја биет од жената си: удри ѓиди, удри кај му паднеше - по очи, по глаа.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Ајде нека ти е честита и вековита!
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Со денеска, со утре ја научија комшиите оти бабата си ја имат поќерчена и одошто била убаа, ватиле да ја викаат: Злата позлатена.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
На вторио кажал за царицата оти е продало зајак и је удрило муур на бутот.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
ИЛИЈА: (му ги фаќа обете раце како што ги дигна да мава).
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Деца, да не ми ги угасните свеќиве!... {ја зима главата на Антица со обете раце и полека ја чукнува три пати од оцакот со зборовите): Да ми си домаќинка — куќница, колку оџаков што мрднува од местото толку ти од куќава.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
По тоа Василка и ги подава на Антица стомните, во обете раце по една, а под обете мишки и на главата и става по едек леб.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Со обете раце таа се фати за железната ограда. ’Ајде!’ Не. Не. Не. Не можеше.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
И кутрото девојче ги подава обете раце, небаре го моли овој ветар уште еднаш да ѝ ги донесе тие зборови...
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Таа извикува, целото лице ѝ се смешка и ги подава рацете во пресрет на ветрот, радосна, среќна, толку убава... А јас одам да се спакувам.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Откако го откри шинелот, тој мошне гордо го погледна и, држејќи го во обете раце, мошне вешто му го наметна на рамената на Акакиј Акакиевич; потоа го повлече и го притисна одзади со раката надолу; го обргли со него Акакиј Акакиевич сè уште само наметнат.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Му викаа да не стои, но тој упорно ја викаше.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Држејќи се со обете раце за половината, човекот полека се свитка и клекна на коленици, се обиде со уште еден напор по тој напор да продре со влажните очи во темницата.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Твоето око сѐ ми кажа, го знам тоа. лежел и со обете раце барал оружје околу себе- кубура, нагант, пушка.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
„Јас на нива, ти в плевна, Јас од нива, ти со обете раце на ракијата.“
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Му ја држеше со обете раце раката со револверот удирајќи брзо со коленици по незгодни места.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Кога видело Велко оти стоел Силјан на тоа место, пошол да си го земе стапчето и го грабнал штркот преку половина со обете раце и свикал по мајка си: „Мајко, мајко го фатив штркот.“
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Возот зад мене збифташе со здив на рането животно, а јас во обете раце држев патнички торби – во една книга, а во другата чиста облека.
„Младиот мајстор на играта“ од Александар Прокопиев (1983)
Стојам меѓу нив и го гледам своето тело што, ладејќи се лежи, пружено на жешкиот песок. Се фаќам со обете раце за главата.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Молчеше и го допираше лицето со обете раце.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Ниту ќе се вдлабочат во фактот дека кога човек се дрзнува да ѝ се препушти на таа струја, тогаш тој го зауздува чудото со обете раце.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
- Срам?... - глуво праша Нумо, плукна и со обете раце, подигајќи ја дрвената нога, почна да ја гнете плунката во црвеницата.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Домаќините ни даваат вечера, што се вели, ама не со обете раце. Јадете, вели жената.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Со обете раце ја стега.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Фимка оди пред себе, во пазувите со обете раце го стега букленцето. чиниш на градите носи доенче.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Клечејќи, со обете раце собира - откинува јаготки, ја полни шепата и ги фрла в уста.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Со обете раце го подигна големото дебело црвено веленце, на око го измери, го израмни со дланката.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Со брадата втисната меѓу колената што силно ги има зграпчено со обете раце, се ниша ту напред ту назад и не откинува поглед од огнот и до болка чувствува како му се стега желудникот и тие, кои до него најблиску седат, слушаат како гласно му кркорат цревата...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)