осми (бр.) - година (имн.)

Го држеше дома повеќе и поради неговото слабо здравје, не го пушташе на училиште иако веќе беше ја фатил осмата година.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Од блиските на Мајка Тереза, Мајка беше дознала за нејзината мачна судбина, кога уште на својата осма година, ненадејно, го загубила својот татко, па потоа долго време семејството се соочувало достоинствено со маките на сиромаштијата.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
- Какви милјеа? Тоа се реднекс, фашисти, морони, пореметени идиоти што пет реченици не прочитале во животот, луѓе што ја држат оваа земја во заложништво верно гласајќи за онаа ретардирана будала што веќе осма година седи во Белата куќа...
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Невролошката ситуација е оваа: Јазичните патеки се втиснуваат во мозокот меѓу третата и осмата година.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Медиумот што се користи дома ќе го форматира мозокот на овие деца.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)