осми (бр.) - одделение (имн.)

Во училиштето и на факултетот наставниците не беа платени за таква работа затоа, освен учителот по ликовно воспитување што сакаше да ме насочи после осмо одделение да кинисам да го изучувам сликарскиот занает, другите се однесуваа како туѓинци во Казабланка.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Можеби немаше ни осмо одделение, но Амди Кола се двоеше од останатите пратеници по неговата едноставност и отвореност кон луѓето.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Се сеќавам на писмената работа од осмо одделение, на тема - за нашата иднина, односно професија.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
По кусо време двајцата другари успеаја дури и да најдат девојки – две Србинки – Мица и Радица – ученички во осмо одделение со кои подзастануваа кога ќе се сретнеа некаде в село, си праќаа писмени пораки
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Имаше можност да баци девојка уште кога беше во осмо одделение.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Веќе бевме осмо одделение и почнавме да ги разбираме работите!
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Таа, Илонка, многу повеќе внимание ни обрнуваше нам – на Македончињата оти бевме прва паралелка што завршува осмо одделение.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Кога завршивме осмо одделение, за мала матура организиравме екскурзија околу Балатон (тоа е единственото езеро во Унгарија и многу е убаво!).
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Таму бевме се до осмо одделение.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Како што и ни беше се до осмо одделение.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
„Ние - екологистите - од шесто, седмо и осмо одделение.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Кога порасна, кога заврши осмо одделение, мајка му престана да му го слави роденденот.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
И тоа траеше сè додека во класот, во осмо одделение, не дојде Лорета, чии родители се доселија од некој град.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Им се удоволи и продолжија заедно и во шесто, и во седмо, и во осмо одделение.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)