осумдесет (бр.) - година (имн.)

Се одбележуваа осумдесет години од првото доделување на импозантната статуетка.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Додека стоеше и посматраше, на Винстон му падна на ум дека старецот, кој мораше да има најмалку осумдесет години, веќе бил средновечен човек во времето на Револуцијата.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
На една од пожолтените фотографии, меѓу братучедите беше и Круме Волнаровски чиј дедо, фурнаџија, од Крајова се вратил пред осумдесет години.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
„Според ова, кај нас и во наши услови, секој секого ебава,“ шепна некој од средните клупи во редицата на левата страна во предавалната, во која беа сместени осамените срца на возраст од седумдесет до осумдесет години.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Но, знаеш, тоа останува, имам еден стар вујко во Турција, осумдесет години, иселен 54- та, тој и денес со саати врти едно прастаро Искра-радио и се обидува да фати македонски, некој контакт...
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Кога последен пат го видов, чинам имаше околу осумдесет години.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Имаше околу осумдесет години, беше, или така јас ја видов, здрава, сува, ковчеста, со збрчкана кожа и раце суви и корави.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Како да беше заборавила за што беше дојдена, па почна да плаче и да ми раскажува за смртта и болеста на мајка ѝ која починала пред некоја година - на осумдесет години.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Најразлични носии, од оние што се носеле пред осумдесет години, па до оние што биле обајвени во последните броеви на модните списанија.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
- Јас осумдесет години сум поминал тука, ни болест, ни глад, ни студ, ни гром не ме покосиле...
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Еден човек, кога има осумдесет години, станува сиот трат.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Овој недостоинствен живот на резигнација таа го опишува во своите мемоари кои ги напиша на осумдесет години, во 1981-та.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
- Како е можно тоа, - си реков, - некој да има повеќе од осумдесет години, колку што има дедо ми, да е здрав, висок, јас, а одеднаш да стане дете За жал, Братољуб тоа не можеше да ми го објасни.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Рече и повтори дека е родена пред осумдесет години, дека животот го проживеала во голема сиромаштија, освен овие десетина години откако се доселија тука и отворија фарма за гоење телиња и најголемиот дел од нивите ним секоја година по пат на наддавање им ги отстапува државата.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Спокојно седеше. Старец од осумдесет години. Седеше во празната соба, во празната куќа, во празната улица, во празниот град, на една напуштена планета.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)