пет (бр.) - гуска (имн.)

Само кога ја виде Влаинката Роса како заминува со своите пет чупиња, по чупињата петте гуски кои деновите ги поминуваа во дупките кај туланата, а зад гуските високото ковчесто старче што размавтуваше со рацете како со мотовила, и самата се расколеба и следното утро се најде крај самиот вагон, всушност, луѓето се растргнаа и ја пуштија до вагонот да може да си зборува со старецот.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Трифун се досети дека тоа можат да бидат само гуските на мајката Роса, само не се наведна да ги преброи, сигурно се пет, сите знаеја дека имаат пет гуски.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Петте гуски, не распознавав веќе која е мајката, а кои децата, луто загракаа и почнаа кавгаџиски да ги издолжуваат шиите штом натрапникот се наближи до нив.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)