петти (бр.) - година (имн.)

Уште од петтата година Доста започна да ја учи Нешка да брои барем до сто и тоа не само на мајчиниот македонски јазик, ами дури и на турски и грчки.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Петта година во Америка... Повторно Божиќ... Повторно џингл-белс- џингл-белс-џингл-ња-ња-ња-ња-ња-ња...
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Секому му е сѐ јасно. Од петтата година на сите им е сѐ јасно.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Дванаесет години по раѓањето на Нобел, пронаоѓачот на динамитот, се раѓа Рендген, првиот добитник на Нобеловата награда; до денес „Х“-зраците не ја откриле тајната на човековата душа.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Малку пред или по вториот Нобелов роденден, во илјада осумстотини триесет и петтата година, завршува гимназија Карл Маркс и Лермонтов им ја подава на рускиот човек и на светот Маскарада.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Во Македонија, и на еден дел на Балканот, еден вид чума (Pestis opis) ги сотира седалките на пчелите.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Во исто време во некои европски домови навлегува покуќнината Бидермаер, по која многу подоцна (денес) ќе копнеат внуците на македонските селани од Кукулино, премногу рамнодушни за да знаат дека еднаш, во илјада седумстотини четириесет и првото лето господово, еден нивни подалечен дедо, скитник, калуѓер, бакрорезец, иконописец и хералдичар го објавил во Москва грбот на својата земја - жолт лав на црвено поле.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Во таа илјада осумстотини триесет и петта година умира композиторот на Норма, Белини, и се обвиваат со филц и гума тркалата на парниот автомобил.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Во таа илјада осумстотини триесет и петта година продолжува во Африка и Азија движењето на европските колонизатори и се грчи на крвав камен Македонија. ***
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
5 Го снемало, умрел. За таквите каков што бил Дмитар-Пајко обично се кажувало до заборав - умре по Поклади на патот кон Лесново, како што можело да се споменува, за него или за друг бележит селанец, дека се родил околу Задушници, кога овците на тој и тој ги нападнал помор.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
По ден, тогаш веројатно по последниот јасник во таа илјада осумстотини триесет и петта година, додека светлоста откосо се ближела кон рудината на која стоеле, нејасноста во очите на видовитиот не можела да им стане водач.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)