седма (бр.) - година (имн.)

Престанала да цица на седмата година кога заодила на училиште и кога почнале другарчињата да ѝ се смеат.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Ако не знаел, зошто тогаш последните зборови до мене, кога заспивал во Господа, во светлозрачниот Рим, на четиринаесеттиот ден од месец февруари, на вториот индикт од создавањето на светот, шест илјади триста седумдесет и седмата година, ги запишал на писмо, на книга стуткана, со својот ситен, неубав краснопис, и рекол: „Ова да му го дадете на отец Иларион.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
И така направи. Кога веќе Толето навлезе во седмата година, Доста си ја закачи фурката, и вртејќи го вретеното на секои три четири чекори, слезе долно маало и му појде на Бина даскалот.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)