седумдесет (бр.) - година (имн.)

Од чардакот на нашата стара куќа, која во последните години со жена ми Агна ја услагодивме за живот - го подредивме чардакот, ги сменивме диреците и веќе скапаните штици на подот, ги обновивме искривените рамки на прозорците, ги варосавме бело собите, ги урнавме, со голема тага, гнездата на ластовиците, ставивме тешка спорогоречка печка за топлење зимата, го проветривме тешкиот метален сандак кој го имаше задржано мирисот од пред седумдесет години кога бил донесен од Америка - гледам како се спушта пределот кон долината од чии млаки се креваат пасма пареа кон небото.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Ќе се обидам тоа да го напишам во оваа тетратка сега, на седумдесет години.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Тоа беше човек од над седумдесет години, но енергичен.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Самиот си направив пишувало подолго од седумдесет години и како Башо дури сега осознав дека веќе вјавам на дооден коњ и дека зад мене, смрзната веќе, лази мојата сенка... Размисла
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Старецот молкна. Гледаше замислен пред себеси и на Бојана му се чинеше дека во себе тој уште разговара, дека нурка во своите сеќавања длабоки повеќе од седумдесет години.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Има тоа и дедо, стар преку седумдесет години, подгрбавен малку, со увиснати мустаки и големи рунтави веѓи.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
„Ти го украдов, татко. Ти го украдов“, рече, откривајќи си самата на себе со кого разговара и како на јаве во сеќавањето ја гледаше сликата од пред повеќе од седумдесет години кога татко ѝ, по посетата на ќерката, излегуваше да се врати дома, во своето село, а по него, испраќајќи го, одат прво свекрва ѝ, па свекорот и најпосле таа самата, со покорно поведение и на растојание зад нив.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Во СССР Сталин, откако ја наследил врховната власт од Ленин, прецизно пресметал дека СССР доцни околу седумдесет години зад европскиот запад.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
(...) (Образец на отповикувачката изјава) Јас, Галилео Галилеј, син на Винченцо Галилеј од Фиренца, стар седумдесет години, што лично дојдов пред овој суд и клечам пред вас, крајно еминентни и почитувани кардинали, големи инквизитори на сето христијанство против кривоверството, загледан во светите евангелија, што ги допирам со сопствените раце.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Се заколнувам дека секогаш сум верувал, верувам сега и со Божја милост и во иднина ќе верувам во сѐ што светата католичка, апостолска и римска Црква го има за вистинито, за што моли и што учи.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Но - откако светата инквизиција ме запозна со наредбата да не верувам веќе во погрешното мислење дека Сонцето е центар на светот и дека мирува и дека Земјата не е центар на светот и дека се движи, и ми забрани да го застапувам, бранам или учам било усно или писмено ова погрешно учење; откако бев запознат дека споменатото учење е спротивно на Светото писмо; дека напишав и испечатив книга во којашто го објаснувам ова осудено учење и го втемелувам мошне убедливо, без да дадам дефинитивно решение - за тоа бев мошне осомничен за кривоверство, значи за тоа дека сум верувал дека Сонцето е центар на светот и дека мирува и дека Земјата не е центар на светот и дека се движи.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
А како, кога седумдесет години не ги одвои од неа за да не му се преврати товарот, за да не ја изгуби рамнотежата.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Да си ги поставиме за пример жените, да учиме од нив: кај нив не постои наука за убавината, но постои да се изгледа убаво - ете една уметност во која некои работат и по седумдесет години и тоа со успех. (...)
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Кога самиот Сократ рекол дека ништо не знае, зарем не е подобро да се користиме со наследеното право од ова признание отколку да го стекнуваме со толкави напори, што веќе ги стори атинскиот покоен мудрец; кога веќе е невозможно да се биде паметен треба да прибегнеме кон утешниот начин - да изгледаме паметни.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Една година шеташе, две години шеташе, седумдесет години шеташе - и сѐ гол.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Сите седумдесет години сите луѓе на кралот тврдеа дека нашиот крал има нова облека. Прекрасна облека. Најдобра.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Оној крал кој шеташе гол. Долго, меѓу нас речено, шеташе.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Неговите седумдесет години му ѕвечкале под кожата. За земјичката се пролева крв како во песните. Ја браниш и удираш. А тие, како ќе ја одбранат?
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Тоа, според него, се довлекло на ребрест мев од непозната Арапија, сега го ора нивното отечество и не јаде желад, како што не ќе јаде подоцна ни трупки ни моркови, туку бара мевце, жили, души, до последната педа во црно ќе ја завитка земјичката.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Занимливо старче. Седумдесет години без брзање вртело в круг и стасало таму каде што било доенче.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
„Според ова, кај нас и во наши услови, секој секого кодоши,” шепна некој од последните клупи во средната редица, во која беа сместени осамените срца на возраст од шеесет до седумдесет години.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Пиеше кафе и го читаше весникот „Гласот на јавноста“.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Во тој момент веќе имав наполнето седумдесет години од животот, влегов во XXI век и почнав да заборавам без некој ред, разни нешта – лов на чавки, фрлање камчиња по површината на водата, влегување низ врата назадечки, првин руските, па француските денови и седмици, додека англиските називи за деновите ми надоаѓаа од сеќавањето, иако никогаш не ги имав добро научено.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Пред седумдесет години Мартин Хајдргер (Martin Hiedegger, 1962а, 1962б, 1971) започна да истражува како значењето на човековото искуство израснува од секојдневните настани.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Колкав и да беше тој имот на душата, каква и да беше неговата недостижност за другите луѓе, животот на Богдан Јанков не ќе се изменеше по седумдесет години од првото заценување над дојката набрекната од синкави жилички и млеко ако тој чувствувајќи го мирисот на 'ржта и пелинот од момчешките дни, не почна да копа со ковчестите прсти по мусандри и стари ковчези и да бара спомени од младоста, нешто што ќе го врати таму кај што бил тој што бил силен и значаен на пат без тумби и румби и под небо без допир со чад од железарници и локомотиви на натоварени возови.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Тие паметеа милиони бескорисни работи, некоја кавга со колега, потрага по загубена пумпа за велосипеди, изразот на лицето на некоја одамна умрена сестра, виорот од прав во некое ветровито утро од пред седумдесет години: но сите важни факти беа надвор од нивното сеќавање.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Ако ми живо остане, доб'ка старост ќе вати од седумдесет години, — заврши бабата Маловица со наречувањето. а додека таа наречуваше другите само викаа „амин, амин, амин, боженце златен, така да биде“.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Бидејќи претставата беше на откриено, беше пристапно за секого, та не изостанаа ни деца од петшест години, ни старци над седумдесет години.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Ама вака, со старци од шеееет и пет и седумдесет години, тој од четириесет, ѝ се виде момче за мерак.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Мислам, океј е ти да живееш со некој антички фараон или средновековна принцеза додека смртта не ве раздели во четириесет и петтата година, ама ај пробај да живееш со некој пензиониран заставник на којшто на седумдесет години му откажува бешиката, а има намера да тера до сто и една?
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Животот го беше оддалечил од инструкцијата. – Како сакаш Мајко, така кажи, колку години имаш! – Имам, сине, седумдесет години.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Сталин сакаше, поврзувајќи го Белото море со Балтикот, со градење на канал во текот на десет години, да го стигне Запад кој според неговите пресметки бегаше за околу седумдесет години.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Но, веќе имаше по десет кога го создаваше „Волшебниот брег“, шеесет „Јосиф и неговите браќа“, а „Доктор Фаустус“ го почна на седумдесет години.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Но, камерата не го прикажува оној што се препна, што падна на средината од патеката, а кој пред трката важеше за еден од фаворитите.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Се викаше Олга Ничота. Кога ја запознав имаше сигурно близу седумдесет години.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Проста е историјата за козите во повоено Скопје, кога новиот комунистички режим од поканетите козари во градот сакаше набрзина да создаде силна работничка класа која требеше да го стаса капитализмот, кој според пресметките на Сталин му бегаше на комунистичкиот социјализам за седумдесет години.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Како да има петнаесет, а не седумдесет години, така размислува и разговара.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Има среќа Калина со бабите.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)