стотина (бр.) - година (имн.)

Пред отприлика три илјади и пет стотини години (т.е. неодамна) е направен голем исчекор: тоа е пронаоѓањето на алфабетот.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
За да се одмориме од патот влеговме со мојот пријател во познатиот париски ресторан и кафеана „Кај двајцата Магота“ која е стара стотина години а која беше преполна со гости.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Но, конечно, што е со ликовната уметност? Во тогашната Европа таа барем за половина век е пред поезијата, а трактатописателите за поезијата ги остава на раздалечина од стотина години.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
— Е, ех! Та лели така? Да можеме ние сами и досега не и трпеме Суловци, 'Рсланбејовци и сете други аги и бегови шо не вјавале пет стотини години.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Ете, по тие причини полагаа право Полчивци на оваа земја, а на Дунчани им беше двор, и стотина години се караа, та дури и жртви даваа.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Кадијата од Прилеп секоја година земаше по стотина двесте лири од секое село и спорот не го решаваше.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Кој е за оставање, другар сум му до последно издишување.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Ако сега, во најтешките моменти, го напуштиме, тој ќе ја изгуби таа вера во себе и ќе го вратиме делото за пет стотини години назад.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Арно ама, ете не излезе тој план како што го кроеше Толе во својот ум. Не било така лесно со коси, секири, крклизи и кременачки да се урива царштина од пет стотини години.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Тој од своја страна направи сѐ што можеше да направи, ама ортаците го изневерија.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Го гледаш мелот под куќата од вашиот ковач?
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
И пред неколку стотини години албанскиот народ живееше со трите религии без верски војни и судири, со меѓусебно почитување и разбирање.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Сето тоа беше од коњско влакно, рујно ко доматна супа, валкано, се разбира, но, ако се знае дека виделе осумдесетина, деведесетина, можеби и стотина години живот, си беа во одлична состојба.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Но, она што навистина ми го задржа погледот беше прекривката на диванот, рамната лабава перница и облата кроена колбасеста перница.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
И тогаш тргнав низ последниот ред и на половина пат видов нешто што отпрвин ми личеше на не многу угледно диванче од почетокот или од средината на викторијанската доба – еден покабаст и погруб Рекамjе со дебелки обратно извиткани диречести ногарки, наместо оние витите грчки што се нанадвор.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Да знаеш дека Изабел многу ќе се израдува поради оваа наша повторна средба и да бидеш сигурна дека ќе те чека во нашиот дом со чаша коњак стар стотина години, а со него таа послужува само специални гости и во специјални прилики.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Ние го зоографисавме храмов и нашите раце го сочинија живописот во горниот дел на храмот кој што се возобнови поголемото земјотресение, стотина години по доаѓањето на Неверниците.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Беше еден нерез, за какви што тој само слушал во приказните; такви ни шумата не може да одгледа почесто од еден во стотина години, тежок сигурно над триста килограми.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Имаа диви лица со брчки, можеше да се поверува дека се делкани од оревово дрво пред стотина години.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Светечкото око на ѕидот сега беше поинакво, поголемо и повеќе темно, некако за своја сметка загледано во далечините, а ловците се движеа со бавни чекори и изгледаа како луѓе што до крај на животот ќе душат пред себе со кучешки занес.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Книжевност Изразот „пост-модернистички” се сретнува, всушност, уште пред повеќе од стотина години, но водечки поим во расправите стана дури 1959/60 год. во Соединетите Американски Држави.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Како сето тоа се случило кога Франција која стотина години беше поврзана со Тунис одлучуваше за судбината на оваа земја, немаше решение пред Југославија за признавањето на оваа земја!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Макар што се работеше за нивните идеи стари повеќе од стотина година, тоа беа за нас идеи на иднината, но, сепак, си имавме свој пат...
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Оваа книшка што ми ја донесе од Париз не е само со непроценлива библиофилска вредност, објавена пред стотина години во Цариград, туку таа има и други вредности.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Камените куќи од пред стотина години расфрлани по нерамниот терен, ги оставија без здив нашите гости.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
На влезот кон тоалетот имаше мала винарија со оригинални примероци од вина стари и по стотина години, а од цените ми се сврте умот.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Знам дека никој нема да ми верува, но сигурен сум дека со мене би се сложиле сите оние емигранти што пред стотина години се истоварувале на Елис Ајленд: кога стоиш таму првпат, не те импресионираат ни големината на Статуата на слободата, ни висината на њујоршките небодери, ни површината на океанот... туку само се ѕвериш нагоре и не можеш да сфатиш од кај па сега толку небо се збра.
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
И овде сме над стотина години.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
А тука беше врзан стотина години. Уште од турско.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Нашата куќа на албанскиот брег на езерото беше стара близу стотина години.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Кратки биографски цртички: магистер Кракатау: генијален сликар и вулгарен политички полемичар; едното крило му е малку подгорено па затоа последниве стотина години гравитира кон пингвинска еманација (се дружел како со Бодлер така и со неговиот албатрос; како со Флобер така и со неговиот папагал); феноменален познавач на историјата на сликање на животни; пријателите ги бира според степенот на птицоликост што го поседуваат (П. Вулкански, на пример, 31,3 % од него е клун; остатокот е од вулканско потекло; в. го автобиографското дело Кракатау и Попокатепетл загубени во лавиринтот); магистер Кракатау инаку е еден од најфанатичните заговорници нашата безимена земја да го добие името Маусдонија; зиме живее во оставените штрковски гнезда во Скопје, лете заминува за Келн, кадешто глуми во филмови со препарирани животни; неоженет. доктор Каљостро: неговиот вистински психолошки профил е тотална мистерија иако неколку пати бил на опсежни психолошки испитувања; Апстрактниот Скарфејс и Снежниот Принц се само некои од неговите прекари; за разлика од мг.Кракатау, мг.Каљостро гравитира кон минус, кон мраз.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Луѓето под турско петстотини години мислеле дека не можат да сонуваат да ја разнишаат таа сила, а ете таа изгнили и пропадна како трула штица. После пет стотини години, да, но пропадна.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Сандри слушна за ѕидиштата што го заштитувале градот на Марин Крусиќ од сите страни, ѕидишта и кули; за непријателите, особено за Млетките кои алчно го меркале богатството на оваа република; слушна за кнезот и за слободата што секој дубровчанец ја чува како нешто најскапоцено, за поетите и писателите што ја величаат и што ѝ ги посветуваат своите творби на чист словенски говор, исмевајќи ги оние што лесно ја продаваат... за водоводот, изграден пред стотина години; за болниците-лазарети; за првата аптека отворена уште пред скоро двеста години...
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Изграден на реката Пчиња, а под тврдината на Кожле, пред стотина години, овој манастир му беше даден на доживотно уживање на серскиот митрополит Јаков, кој одамна не доаѓаше тука.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Калуѓерот го изгледа, но небаре не го гледа, намерно не му обрна внимание на Турчинот и, вртејќи му го грбот, почна да им објаснува како оваа црква се градела уште при живот на кралот Волкашин, а ја завршил неговиот син Крале Марко, нашиот јунак и чело на рисјаните, рече, кој ни загина, господ да му ја смили душата, пред едно стотина години таму на север.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)