три (бр.) - момче (имн.)

Се родија четири деца, три момчиња и едно девојче, а според енергичноста како да беа навистина крилести.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
На Пуловец, на границата, им „удри еден залп" на Србите што бегаа за Грчко и со две три момчиња, свои роднини, слезе до Бешишча и му отиде на поп Илија.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Прво кон нас притрча возачот, потоа куп дечиња, две жени и уште три момчиња.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Јас и трите момчиња возевме велосипеди, игравме топка, се бањавме во морето.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Куќата живнуваше од трите момчиња .
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)