три (бр.) - религија (имн.)

И пред неколку стотини години албанскиот народ живееше со трите религии без верски војни и судири, со меѓусебно почитување и разбирање.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Ги презеде сите убедувачки и проповеднички инструменти од трите религии на Албанците.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Книгата е напишана на извонреден начин, во која авторот се обидува на своите собеседници да им даде на знаење дека ги замениле трите религии, својствени на албанскиот народ (исламот, православието и католицизмот), кои биле добро поставени и толерантни една кон друга, со комунистичкиот сталинизам, кој ќе завладее како еден вид нова религија која сакала да го заземе местото на другите.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Трагиката на родната земја, под сталинизмот и вна­трешниот ѕид од седумстотини илјади бункери, ја видов и ја пренесов низ глобалната метафора на Атеистичкиот музеј (во книгата со истоимениот наслов) во Скадар, изграден со цел во првата и последна атеистичка држава во светот, идеологијата да го преземе местото на трите религии (исламот и христијанството, со православјето и католицизмот).
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Се уриваа храмовите на трите религии, се кршеа крстови и плочи на христијанските и муслиманските гробишта, се разнебитуваа сакралните симболи.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
И, на крајот, мораше да се крене и Атеистичкиот храм на жртвувањето на трите религии во Албанија, како симбол на планираната антиверска, односно културна револуција, налик на кинеската од времето на Мао.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)