три (бр.) - сандак (имн.)

Не само Татко туку и присутните блиски беа изненадени кога штом запре возот и вагонот со натпис Paris (Gare de Lyon) се најде на вообичаеното место на перонот, Климент Камилски со куферчето слезе од возот, со бегол поглед и поздрав со кимање на главата, се упати до соседниот вагон во кој беа трите сандаци со книгите.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Да беше до нив, тие ќе ги тупнеа книгите без никаков ред во трите сандаци и работата ќе беше готова за час-два.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Хотелските работници со големи маки ги симнаа трите сандаци полни со книги во холот.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Татко ја погледна кутијата со лупи и не можеше да разбере што се случило во Париз, макар што претпоставуваше дека Камилски ги потрошил парите за операцијата за купените три сандаци книги, а со лупите од различен, прогресивно посилен диоптер, мислел да ги чита книгите, како што ќе му се намалува видот.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Татко додека го следеше патот на една голема количка која ги носи трите сандаци со книги, а Камилски чекори зад неа, слушајќи лево-десно коментари, дека си го потрошил времето за овие книги, кои ќе завршат на некој таван или подрум се сети на своето враќање од Цариград, многу години пред да се најде Камилски во Париз, кога во родниот Поградец крај Охридското Езеро, по студиите во Париз, стигна со една чеза во која имаше два големи куфери.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)